За јавното претпријатие “Комуналец” изминува една тешка година, пред се поради тешката економска состојба во која се ноѓа стопанството, но и поради неможноста да се реализираат дел од активностите определени со закон, за кои немаме никаква подршка од владата и министерството за животна средина, вели првиот човек на јавното претпријатие, Сашо Алче.

Годинава набавивме нови и половни возила со цел да бидеме во добра кондиција во однос на извршувањето на обврските кон граѓаните, но за жал малку средства остануваат за инвестирање во опрема. Дел од започнатите проекти ги завршивме, а оние кои не се завршени се предвидени со програмата за 2012, додава Алче.

Тој за идната година најавува и една поголема активност во однос на хортикултурното уредување.

Направивме програма “Охрид град на цвеќето 2012”. ЈП Комуналец неколкукратно ќе го зголеми производството на цвеќа и во соработка со локалната самоуправа, хотелиерите и угостителските работници, дополнително ќе се оплеменува градот, информира Алче.

Во однос на наплатата на побарувањата од граѓаните, Алче потенцира дека годинава таа е зголемена и како што тој вели- верувам дека тоа не е само поради непопуларните мерки и превземени санкции од страна на претпријатието, туку  поради задоволството на граѓаните во однос на одржувањето на комуналната хигиена од страна на претпријатието.

OhridNews