– Одбраната беше на високо ниво, а напаѓачите маестрално ја завршија својата работа. Клучот на успехот е тоа што им ги заправме сите нивни додавања зад нашите фудбалери за врска. Едноставно “блауграната“ денеска не личеше на екипата која сите ја знаеме – истакна тренерот на “росонерите“ Алегри.
Милан на “Сан Сиро“ ја доби битката и војната. “Росонерите“ на повратниот натпревар на Ноу Камп за две седмици ќе ги очекува пекол, а тренерот Алегри е свесен за притисокот пред осминафиналниот дуел.
– Прво ќе морам да се порадувам на победата против Барселона, а потоа ќе мислам на Интер. За реванш натпреварот со “Барса“ рано е да се зборува, а и тие немат променат многу од тоа како играа на Сан Сиро – заврши Алегри.