Демократската Унија за Интеграција, викендов, во Охрид и Струга, одржа низа активности во рамки на кампањата за референдумот. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик на 30 септември масовно да се излезе на референдум и да се гласа ЗА Македонија во НАТО.

Ахмети истакна дека вредностите на Договорот од Преспа ќе се видат кога ќе ги собереме неговите плодови а тоа се мирот, стабилноста, безбедноста и иднината.

-Затоа сите треба да ја превземеме улогата на големите мисионери и идеалисти  и да излеземе да пропагандираме, да побараме поддршка од сите кои што се двоумат или имаат некаква дилема дека на 30 септември ќе се гласа за многу посигурна иднина и дека 30 септември е неповторлив. План Б нема. Ако некој бара алтернатива на Исток,  тоа ќе биде невозможно бидејќи ќе наиде на препреки од огромното мнозинство на граѓаните на Македонија. Ние сме определени, да не зборуваме како Албанци бидејќи заедно сме работеле под мотото на Националната преродба `Сонцето за Албанците изгрева на запад`. Ова е мотото за Албанците, но нека користи за сите граѓани  бидејќи на запад се раѓа иднината. На 30 септември се одлучува за идните генерации`, истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Во рамките на информативните активности за референдумот кој ќе се одржи на 30 септември, во Охрид заедно со претседателот на ДУИ присуствуваа и пратеникот Агим Шакири и заменик  министерот за здраство, Асим Муса, а пред граѓаните на Струга се обратија и шефот на Централниот штаб на ДУИ, Атила Реџепи, како и градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко.

OhridNews