Пилотот на Ферари, шпанецот Фернандо Алонсо е победник на трката за Големата награда за Европа, која се возеше на патеката во Валенсија.

Место на подиумот избореа уште Раиконен и Шумахер и тоа благодарение на судирот на Малдонадо и Хамилтон на два круга пред крајот. Претходно трката предвреме ја завршија Фетел и Грожан.

 
Во генералниот пласман води Алонсо со 111 бодови , втор е Вебер со 91, а третопласиран е Хамилтон со 88.

Ohridnews