Кошаркарите на АМАК СП потешко од очекувањата стигнаа до втората победа во првенството откако на домашен терен ги совладаа Карпош Соколи со 100-83.  

Избраниците на Лазовски  потценувачки влегоа во натпреварот оставјќи им премногу простор на расположените гости да се размавнат.

Гостите предовдени од расположените Саздовски (26 п.) и Миленковиќ ( 30 п) го одржуваа чекорот со индиспонираниот охридски тим, кој на полувремето замина со само поен предност 50-49.

Истата слика се повтори и на стартот на вториот дел. Тешко одеше нападот на “белите“,а не предивдливте соколи погодуваа  од различни позиции. Таквата игра во секој случај им одеше во прилог на гостите кои на 6.45 пред крајот се доближија на 79-78.

Светна црвеното светло кај охриѓани , минута одмор за Лазовски, и конечно игра каква што се очекува од белите оваа сезона.

В.Стојаноски (24 п. ) со две тројки ја отвори серијата од 13-0, најрасположените кај Соколите прават по пет лични , охриѓани ја “легнуваат“ топката носејќи го натпреварот во мирна завршница.

М.Постоловски