Охридскиот Амак СП се пласираше во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Амак СП со 81-59 го совлада МЗТ во второто 1/4 финале.

Натпреварот во целиот свој тек помина во доминација на охридските бели. Израмнето се играше само во првиот период кој охриѓани го добија (21-17). Разликата како одминуваше времето се зголемуваше а најголемата разлика 25 поени  (61-36) ја имаа во финишот на третиот период.

Амак СП во полуфиналето в петок (20 часот) ќе се сретне со Фени Индустри.

М.П.