Во ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, денеска, здружението „Јадрански слив“ ќе одржи предавање во рамки на проектот „Амбасадори на живиот свет на Охридското Езеро.

На темата ќе говорат Радован Димитриески, спроведувач на проекот, проф. д-р Трајче Талески од Хидробиолошкиот завод Охрид и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро. Тие ќе ги запознаат учениците со рибниот фонд во езерото и напорите за заштита на еко системот на Охридското Езеро.

OhridNews