Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски денеска го прими амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Карло Ромео. На средбата се разговарало за можностите за остварување соработка во повеќе области, као и за можностите за привлекување инвестиции од Италија.

На работната средба било истакнато дека фестивалот Охридско лето и годинава ќе ја има поддршката од италијанската амбасада.

Во рамки на еднодневниот престој во Охрид, амбасадорот Ромео имаше состанок со директорите на основните и средни училишта од Охрид и со професорите по италијански јазик и одблизу се информира за состојбата во образовните институции и интересот кај учениците за изучување на италијанскиот јазик.

OhridNews