Американска компанија ќе изработува авто делови во Охрид
17.09.08 14:43
Позната американска компанија за производство на авто делови, која има повеќе фабрики во Европа, ќе отвори погон во Охрид, најави денеска вицепремиерот Зоран Ставрески. Во изјава за медиумите, Ставрески истакна дека наредната недела Владата ќе усвои одлука за потпишување меморандум за соработка со американска компанија од областа на автомобилизмот. „Во првата фаза планирано е инвестицијата да отвори 600 работни места, а понатаму тој број ќе се зголеми на 1200“, рече Ставрески. Тој не го откри името на инвеститорот, но рече дека тој во бизнисот во Охрид влегува сам, иако како што наведе, ќе ги користи постојните наменски објекти изградени во градот. Како што информираше Ставрески компанијата во Охрид планира да произведува воздушни перничиња и сигурносни појаси за извоз во вредност од 100-200 милиони евра годишно.
Ставрески денеска престојува во работна посета на Охрид при што ја посети „Охридска банка“ и фирмите ЕМО и Словин ТЕМ – ХЕМ. Вицепремиерот со раководството на ЕМО ќе разговара околу изнаоѓање стратешки партнер за компанијата со што би се решила долго_годишната криза во која се наоѓа овој загубар.
Променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повреме...
Парична казна во висина од 5000 евра изрече денеска Струшкиот основен суд за поранешниот градоначалник на Општина Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезо...
Учениците од ООУ „Кочо Рацин“ денес го одбележаа 21 септември, Глобалниот ден на кругот на мирот Преку активности заедно со своите наставници тие ја испратија поракта „Едно дрво Еден круг Еден заед...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.