Висока воена делегација на Националната гарда на сојузната американска држава Вермонт предводена од командантот генерал-мајор Стивен Креј е во посета на Република Македонија.

Делегацијата ќе биде примена кај началникот на ГШ на АРМ Васко Ѓурчиновски. Денека во Македонија ќе престојува и министерката за одбрана на Република Италија Елизабета Трента. Таа ќе има разговори со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.