Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Како што соопшти општинсската прес служба, на средбата се разговарало за меѓусебна соработка, Градоначалникот Георгиески, изразил благодарност за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера. Заеднички билое потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.

Инаку, ова е прва официјална средба на амбасадорката Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.

OhridNews