Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато во зимски услови поради врнежи од снег и остатоци на коловозот. Врнежите од снег моментално се престанати во пониските делови, а се бележат сеуште на планинските превои и повисоките места во западна и југозападна Македонија.


Од АМСМ информираат дека забрани и ограничувања нема, единствено на планинскиот превој Пресека е задолжителна употребата на зимска опрема само за тешките товарни возила. На планинските превои и мостовите можна е појава на голомразица поради ниските температури. На возачите им се препорачува крајно внимателно возење и прилагодување на брзината на движење.

На патните правци низ засеците и клисурите можна е појава на поситни одрони. Интензитетот на сообраќајот е умерен надвор од градските средини. Возачите се потсетуваат на нивната законска обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата.

Ohridnews