Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, но отежнато во зимски услови, поради врнежите од снег, кои условија влажни и лизгави коловози во пониските делови и остатоци од кашаст снег на коловозот на планинските превои и повисоките места. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Од АМСМ на возачите им препорачуваат крајно внимателно возење, прилагодување на брзината на движење на влажните од снег коловози, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Евидентирани се почести и поситни одрони низ клисурите и засеците, особено на патниот правец Маврово – Дебар каде е најчеста појавата на одрони и лизгања на земјиште. Интензитетот на сообраќајот е умерен надвор од градските средини.

Ohridnews