Стратегот на ПСЖ, Карло Анчелоти “полудел“ во соблекувалните по елиминацијата од Купот на Франција по пеналите од Евиан. Трагичари во пенал серијата беа Ибрахимовиќ и Тијаго Силва, кои не ги реаилизираа пеналите, а само Лавеци ја погоди целта што беше премалку за пласман во 1/2 финалето.

– Сите сме криви. Лут сум на секој фудбалер посебно, и на мене. Можеме да изгубиме, но, не смееме да играме без карактер. Ова е беше прав ужас, катострофа. Ништо не направивме, ама баш ништо ме разбирате – “грмеше“ Анчелоти.

На “светците“ им остана да ја зачуваат предност од седум бодови и да ја освојат титулата во францускиот шампионат.

– Мечот со Евиан беше најлош во целата сезона. Не можам да поверувам, дека ние игравме така. Кога сме фокусирани игра рамноправно со Барселона, но се не одигравме ништо – заврши Анчелоти.