На минута до крајот предноста на ПСЖ од 2-0 изгледаше недостижна за шпанскиот преставник Валенсија во Лигата на Шампионите. Но, погодокот на Реми и црвениот картон на Ибрахимовиќ ги остави во игра “лилјаците“ во игра за пласман во најдобрите осум.



– Заслуживме трет погодок на натпреварот, но резултатот е многу добар за нас пред реванш мечот во Париз. Сеуште не сме пласирани во наредната фаза бидејќи има уште деведесет минути за игра. Во нив ќе не очекува уште пожестока битка од мечот на Местаља, а без Ибрахимовиќ ќе биде дополнително тешко –
истакна Карло Анчелоти тренер на францускиот тим ПСЖ.

Мх.П.