Англија, Белгија и Соединетите Американски Држави обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал по синоќешните и ноќешниот натпревар од шеснаесетфиналната фаза.
Англичаните во Атланта со пресврт ја совладаа селекцијата на ДР Конго со 2:1. Африканската репрезентација поведе во првото полувреме, но капитенот Хари Кејн со два гола во завршницата ѝ донесе победа на Англија, која во осминафиналето ќе игра против Мексико.
Белгија во драматичен натпревар по продолженија го елиминира Сенегал со 3:2. Сенегал имаше предност од 2:0 до 85. минута, но Белгијците се вратија во игра, израмнија, а победничкиот гол во 120 минута од продолжението го постигна Тилеманс од пенал по ВАР-проверка.
Во осминафиналето Белгија ќе се сретне со САД кои ја совладаа Босна и Херцеговина со 2:0.
Шеснаесетфиналето продолжува вечерва со три нови дуели. Шпанија ќе игра против Австрија во 21 часот, Португалија и Хрватска се среќаваат по полноќ во 01 часот, а во 05 часот Швајцарија ќе се соочи со Алжир.
OhridNews










