Англија и Аргентина им се приклучија на Франција и Шпанија во полуфиналето на Светското првенство во фудбал 2026, по драматичните четвртфинални натпревари одиграни синоќа и ноќеска.

Англичаните во Мајами ја совладаа Норвешка со 2:1 по продолженија, додека Аргентина во Канзас Сити ја победи Швајцарија со 3:1, исто така по дополнителни 30 минути игра. Со тоа е комплетирано друштвото на четирите најдобри репрезентации на мундијалот, во кое претходно место обезбедија Франција и Шпанија.

Полуфиналната програма започнува во вторник, 14 јули кога од 21:00 часот по македонско време во Арлингтон ќе се сретнат Франција и Шпанија. Ден подоцна, во среда, 15 јули, исто така со почеток во 21:00 часот, во Атланта ќе играат Англија и Аргентина. Победниците ќе се пласираат во големото финале, кое е закажано за 19 јули, додека поразените ќе играат за третото место на 18 јули.

OhridNews