Синоќа околу 23 часот и 15 минути, во СВР Охрид бил приведен 29 годишен жител на Престон-Англија, поради нарушување на јавниот ред и мир.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, приведениот синоќа на булеварот „Македонски Просветители“ дрско се однесувал, а потоа искршил рекламна табла од деловен објект лоциран на булеварот.

-На тој начин предизвикал вознемиреност кај граѓаните и ја загрозил нивната безбедност. – појаснува Димовски.

Полицијата денеска информираше дека поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”,  до надлежното Јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишно лице од охридското село Долно Коњско.

-Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец околу 21 часот и 30 минути во селото, откако предизвикал и учествувал во нарушување на јавниот ред и мир и тепачка со жител од селото. Откако на местото на настанот пристигнале полициски службеници, сега пријавениот започнал бурно да реагира а потоа се втурнал кон нив спречувајќи ги да преземат неопходните законски службени дејствија. – информираше полицискиот портпарол Димовски.

 

OhridNews