Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен вчера го занеме фудбалскиот свет откако едноставно падна на теренот за време на натпреварот на неговата селекција против Финска во рамки на ЕП. Причина за тоа е застој на срцето на 29-годишниот фудбалер на Интер.

Еден од најпознати спортски кардиолози во Англија, Санџај Шарма рече дека голем знак прашалник е дали данскиот фудбалер воопшто ќе продолжи со фудбалот. Шарма работел со Ериксен додека Данецот играше за лондонски Тотенхем.

Ова момче имаше нормални тестови до 2019 година. Сето тоа ја потресе целата нација. Добра вест е што и понатаму е жив, лошата вест е дека оди кон крај на кариера. Дали ќе игра уште фудбал професионално? Не можам да кажам. Во Англија не би можел да игра. Многу сме строги околу тоа. – рече Шарма.

Докторот смета дека најверојатно станува збор за недефинирана здравствена состојба или, пак, за висока температура.

Фактот дека е стабилен и буден е одличен. Не знам дали некогаш ќе заигра фудбал. Иако ова е премногу отворено – тој умре на теренот. Иако само на неколку минути, тој умре, па дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не. – додаде д-р Шарма.

OhridNews

 

Бодовите за финците, овации за данците, молитвите за Ериксен (видео)