Претседателот на ФИФА Џани Инфантино смета дека ВАР технологијата го направила фудбалот почесен, без суштински да го промени.

  • Благодарение на ВАР технологијата гледавме почесно првенство. Ова е напредок и подобро е од минатото. ВАР технологијата не го менува фудбалот, туку го прави потранспарентен и им помага на судиите да донесат правилни одлуки. Па така головите од офсајд станаа минато, нагласи Инфантино.

Првиот човек на ФИФА наведе дека во почетокот бил скептичен, но резултатите се позитивни.

  • Прифатен е и добро функционира. Кога пред две години почнавме да ја тестираме ВАР технологијата бев скептичен, но резултатите беа јасни и позитивни, истакна претседателот на ФИФА.

Досега на Светското првенство во Русија беа извршени 440 проверки и беа направени 16 корекции на судиските одлуки.

OhridNews