Пратениците ја избраа Анита Ангеловска-Бежоска за нов гувернер на Народната банка на Република Македонија. Ангеловска-Бежоска е првата жена гувернер на НБРМ.

Ангеловска-Бежоска на новата позиција доаѓа од местото вицегувернер на НБРМ. Докторирала на Економскиот факултет во Љубљана, а постдипломски и додипломски студии завршила на Економскиот факултет во Скопје. Работела во Министерството за финансии, Меѓународниот монетарен фонд и во Народната банка на РМ.

Официјалното примопредавање на должноста ќе се одржи утре во НБРМ.

OhridNews