Анкета: Како општество не извлековме поука од трагедијата во Кочани сметаат охриѓани
12.05.26 09:13
Повеќе од една година по трагедијата во Кочани во која на 16 март 2025 животот го загубија 63 лица, во најголем дел млади на возраст помеѓу 16 и 48 години, граѓаните на Охрид сметаат дека како општество не извлековме поука.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ која била сместена во градба што претходно служела како магацин за теписи, и која имала само еден влез кој бил користен и како излез од објектот кој ни од далеку не ги задоволувала законските прописи и норми, а функционирал непречено и добивал дозволи за работа, отвори многу прашања за безбедносните пропусти и системски грешки што довеле до трагедијата. Причина за пожарот била несоодветна употреба на пиротехнички средства од кои се запалил кровот кој бил обложен со лесно запалив материјал.
Во знак на револт беа организирани повеќе протести ширум земјата, а во Кочани секоја сабота роднините на загинатите маршираат барајќи одговори и правда. За случајот се обвинети 35 лица и 3 фирми. Судскиот процес е во тек.
Граѓаните на Охрид сметаат дека како општество не извлековме поука од оваа трагедија и состојбите системски не се подобрени. Имено, одговарајќи на анкетното прашање на Охридњуз висок 91% односно 1100 наши сограѓани се изјасниле негативно, додека само 9%, односно 112 читатели се изјасниле позитивно. Со анкетата беа опфатени 1212 читатели.
По трагедијата во Кочани траорна атмосфера владееше во целата државата. Во Охрид државното знаме во центарот на градот беше спуштено на половина копје.
Охриѓани сочувствуваа со семејствата на жртвите од оваа незапамтена трагедија. Беше одржан мирен протест и со 60 минутен молк се оддаде почит кон жртвите.
Советот на Општина Охрид на вонредна седница донесе одлука за одобрување на финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за семејствата на настраданите и повредените лица.
Голем број граѓани на Охрид, компании, организации, училишта и здруженија се придружија на апелот за помош на настраданите од пожарот во Кочани преку акции и донации.
Пожарот во Кочани беше најсмртоносниот во историјата на Македонија и најсмртоносниот пожар во Европа по пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Романија во 2015 година. Оваа трагедија е трета најголема во земјава според бројот на жртви, веднаш по авионските несреќи на „Палер Македонија“ во 1993 година во Скопје кога загинаа 86 лица, односно на „Авиоимпекс“ во Охрид подоцна истата година, во која животот го загубија 116 патници и членови на екипажот. Кочанската трагедија е настан со најголем број на вкупно повредени лица во историјата на државата – 193.
За трагедијата во Кочани обвинети се поранешни градоначалници, министри, сопственици на локали, управители, инспектори, полициски службеници, членови на обезбедување и државни службеници. Судскиот процес е во тек.
Следна анкета: Што треба да се направи да се спречи загадувањето на животната средина?
Холанѓанецот Петар Лоопстра кој има македонски корени по мајка со велосипед мина 3700 километри од неговиот роден град Alphen aan den Rijn до Охрид, каде беше пречекан од неговите најблиски Авантур...
Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра по...
Кога сонцето ќе зајде зад Галичица, а Охридското Езеро ќе ги обои летните ноќи, ритамот ќе го преземе Rebel Едно од најпознатите места за ноќен живот во градот ова лето подготвува програма што без ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.