59 % од анкетираните граѓани на прашањето на ohridnews дали славењето на Нова Година во хотел е демоде одговориле потврдно. Не се согласуваат со нив 20 % , а за 21 % од испитаниците  се зависи од тоа во кој хотел се слави новата година.

На анкетното прашање одговориле вкупно 183 посетители на страната.

Наспроти ваквите размислувања охридските хотели во очи Нова Година се речиси исполнети. Најголем број од туристите се странци, претежно од соседните земји.