Според граѓаните во текот на туристичката сезона не треба да се изведуваат градежни зафати во Охрид. Вака размислуваат 70 отсто од читателите на OhridNews кои одговараа на прашање: Дали треба да се дозволи градење во Охрид во туристичка сезона?. Дваесет отсто од анкетираните сметаат дека може да се гради и во туристичка сезона, но градилиштата да бидат соодветно покриени и заштитени и да се определи време на градба, додека 10 отсто од читателите вклучени во анкетата се на мислење дека треба да се гради во туристичка сезона без никакви ограничувања.

OhridNews