Легендата на Арсенал, Тиери Анри, на почетокот на следниот месец, ќе се
врати меѓу ’тобџиите“ на краткорочна позјамица од Њујорк Ред Бул.

Анри, на сличен начин, во Арсенал се врати и минатата сезона, кога на
тимот му донесе победа против Сандреленд, а претходно погоди и во ФА
купот на дуелот со Лидс. Според информациите, 35-годишниот Анри, своето трето деби во дресот на
Арсенал ќе го има на 6. јануари, кога во ФА купот, Арсенал ќе игра
против Свонси.

Како што пренесува ’ESPN’, лондонскиот клуб ги интезивирал преговорите
околу доаѓањето на Анри, поради извесното заминување на Маруан Шамак во
јануарскиот преоден рок, како и поради отсуството на Жервињо, кој со
репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска ќе учествува на
шампионатот на Африка.

Анри, нема да има проблеми да се навикне на новите соиграчи, бидејќи
последните неколку недели тој тренира со играчите на Арсенал.

“Макфакс“