Членовите на охридскиот ансамбл „Билјана“, на 16-ти јули со почеток во 20 часот, во Кадмо Бар ќе извршат промоција на песнарката „Охридски Музички Бисерник – староградски песни“, а од 21:00 ќе започне забава во чест на Андреј Лаброски.

  • Лаброски со мелографирање на сите снимени песни на нашите предходници започна во 2016 година. Нотирани се вкупно 66 композиции од кои 62 песни и 4 ора од охридскиот крај. Ова е монументално мелографско дело од ваков карактер во Македонија кое е посветено на одреден ансамбл и географски регион. Воедно ова е и животно дело на нашиот колега и пријател Андреј Лаброски кој неуморно се вложуваше во текот на својот живот за зачувување и унапредување на Охридската староградска песна, велат членовите на ансамблот.

Промотор на ова дело ќе биде познатиот охридски хроничар и новинар Владо Жура.

Настанот ќе има и хуманитарен карактер. Дел од средствата собрани со продажба на песнарката, која во текот на вечерта ќе може да се купи по цена од 400 денари, ќе бидат наменети за хуманитарни цели, за лекување на нивниот колега Мартин Стојаноски.

Во рамки на настанот ќе настапат голем број локални музичари.

OhridNews