Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ потпиша двегодишен договор со грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос.


Антиќ кој беше еден од носителите на играта на репрезентацијата на Македонија остварувајќи просек од 11,6 поени, 8,5 скокови и 1,9 асистенции по натпревар, како слободен играч минува во редовите на “црвено-белите“.

“Црвено – белата боја e мојата омилена“  – вели Антиќ, кој едно време го носеше и дресот на Црвена Звезда.


 

Центарот на „црвено-жолтите” ќе заработува по 600.000 евра по сезона, а доѓа по инситирање на тренерот на Олимпијакос, Душан Ивковиќ.

Ohridnews