– Низ целата кариера играв за екипи со црвено-бели дресови, и затоа мислам дека лесно ќе се приспособам во новата средина – вели капитенот на макеоднската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ за преминот во новиот клуб.

Антиќ за Олипијакос каде ќе  настапува во наредните две сезони , се одлучил по разговорот што го имал со српскиот селектор Дуда Ивковиќ, за кого имал високо мислење.

– За мене е голема чест што ќе играм за еден голем тренер како Ивковиќ. Иако имам 29 години, можам уште да напредувам и да учам од ваков тренер.  – вели крилниот центар.


Антиќ имаше сезона за паметење откако го освои Купот на Русија, а со репрезентацијата направи огромен успех завршувајќи на 4 . место.

Ohridnews