Во Охрид денеска  гостува женскиот камерен хор “Антивари музика” од Бар, Црна Гора.

Под насловот “Балкански корени” тие ќе одржат целовечерен концерт во малата сала на охридскиот центар за култура „Григор Прличев“.

Концертот, кој се организира во рамки на обележување на Патронот на Охрид, Св.Климент Охридски, ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен.

Ohridnews