Новак Ѓоковиќ е победник на најпрестижниот Грен слем турнир во историјата на тенисот, Вимблдон, откако во антологиски меч кој траеше пет часа и две минути, најдолг до сега, славеше над Роџер Федерер со 3:2 (7:6; 1:6; 7:6; 4:6; 13:12).

Во петтиот сет, двајцата тенисери имаа брејк предност, но сепак на крај одлучи тајбрејк со примена на новите правила на Вимблдон, доколку резултатот биде 12:12, што и се случи. И третиот тајбрејк во мечот му припадна на Ѓоковиќ, кој претходно успеа да спаси две меч топки на сервис на противникот.

Ќе се обидам да го заборавам ова финале, рече по завршувањето на мечот низ смеа феноменалниот Федерер.

Новак беше одличен, не можев да дадам повеќе од тоа што го дадов. Се надевам дека со мојот пример им покажав на сите дека со 37 години можат да бидат добри и успешни. –  истакна Федерер, кој наскоро ќе полни 38 години.

Јас сум еден од тие кои ќе го следат примерот на Федерер, изјави победникот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ. Ова за него беше петта победа во низа во финале против Федерер.

Ова финале е во топ три во мојата кариера против еден од најдобрите во историјата на тенисот. Двајцата имавме свои шанси, но одлучи тајбрејкот. – рече 32 годишниот Ѓоковиќ.

Ова за Ѓоковиќ беше 5 трофеј на Вимбдон и 16 грен слем титула во кариерата.

OhridNews