Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при локалната самоуправа, со апел да престанат зачестените кражби на метални капаци од електричните столбови за јавно осветлување.

– Отстранувањето на металните капаци ја намалува ефикасноста на јавното улично осветлување, сериозно влијае врз безбедноста на минувачите и создава лоша слика за гостите кои го посетуваат градот, потенцираат од секторот.

Оттаму, информираат дека е започната санација на оштетените електрични столбови  и замена на украдените со нови капаци.

OhridNews