Апелација ја укина пресудата од Основен суд Струга со која  Драган Стојковиќ, управител на заедница на сопственици при Еврохотел, со која  беше осуден на една година затвор, односно две години условна казна за кривично дело „Затајување“ и го врати  предметот на повторно судење во Основен суд .Претходно сопственик на апартман во Еврохотел, изјави дека заедницата во хотелот работи незаконски, со фалсификувани документи и потписи, поради што целиот случај завршил на суд.

Стојковиќ во изјава за OhridNews вели дека денеска стигнала одлуката од апелација која ги демантира претходните искази на сопственици дека апелација ќе ја потврди судската одлука од Основен суд.

Тоа се неколку сопственици предводени од  Владимир Нешиќ кој се претставува како сопственик, а не е сопственик. Апелација ја поништи пресудата  на првостепениот суд. Тие истакнаа дека сум виновен и дека ми е пресудена затворска казна сега со ваквата пресуда ги демантирам. Случајот се враќа на повторно судење и на барање на вистинските докази, а не на измислени докази, вели Стојковиќ.

Против првостепената одлука жалба поднесе ОЈО Струга со која бараа истата да се преиначи на начин со кој на обвинетиот ќе му бидат изречени построги кривични санкции. Апелациониот суд ја отфрли оваа жалба како беспредметна.

Инаку, дел од сопственици на апартмани во Еврохотел Струга неодамна обвинија дека истите им се продадени или издадени без нивно знаење и најавија правна разрешница на случајот.

K.A.

Сопственици на апартмани во „Еврохотел“ обвинуваат дека имотите им се продадени и издавани незаконски, според управителот никој од нив нема легални документи