
-Казните од овие институции ги доживувам како награда и не ме возбудува тоа што апелација го враќа случајот „Лизгалиште“ на повторно разгледување. Убеден сум дека во нашето судство има луѓе кои професионално си ја работат работата. Случајот „Лизгалиште“ предизвика голем интерес, а јас реагирав поради нетранспарентноста на постапката и бројните неправилности со цел да го заштитатам јавниот интерес. Тоа што апелација го врати случајот случајот на повторно судење зборува дека сум бил во право. – изјави по завршување на рочиштето тужениот Блажески.
Тој смета дека тужбата против него претставува обид да се замолчи критичката јавност и повторно го повика јавното обвинителство да го преиспита целиот случај.
На денешното рочиште од странките во спорот се појави само советникот Блажески, додека тужителот го застапуваше неговиот адвокат.
Следното рочиште од повторениот судски процес ќе се одржи на 7-ми март.
OhridNews











