
Само во случајот „Титаник“ СЈО поднесе пет жалби на решенијата за притвор за Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и за Кирил Божиновски. Од тимот на Јанева се жалат и на одлуките на Кривичниот суд за неопределување мерка притвор за екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, за началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, за шефот на кабинетот на министераката Гордана Јанкуловска, Тони Јакимовски, како и за лицата Н.Б. и Н.Н.
Претходно од СЈО соопштија дека се обжалени 6 решенија за притвор, и тоа за две лица во предметот „Тендери“ и за по едно лице во предметите „ТНТ“, „Тотал“, „Триста“ и „Траекторија“, односно за екс-министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, за градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, за новинарот и бизнисмен, Драган Павловиќ-Латас, и за помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски.
Апелација може да ги укине решенијата на понискиот суд, да ги преиначи и да ги врати на повторно одлучување.
OhridNews











