Апелацискиот суд во Скопје, на итна седница, денеска, ќе одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан и управител на на фирмата „Трансмет“, кој е првоосомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство. Судот ќе одлучува по жалба на неговиот правен застапник Никола Додевски, кој е адвокатот и на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Апелација ќе одлучува по решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, со кое минатиот четврток на Сеад Кочан му беше одреден 30-дневен притвор. 

Инаку сеат Кочен се уште не е достапен за органите на прогонот.

OhridNews