Јапонската фудбалска федерација (ЈФА) се откажа од организација на Светското фудбалско клупско првенство во декември годинава поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус.
Ризикот од зголемување на бројот заразени и тешкотиите да се извлече корист од евентуалното ограничување на бројот на гледачи влијаеше на оваа одлука, јавија денеска јапонските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во ЈФА.

Светското клупско фудбалско првенство традиционално се одржува во декември секоја календарска година, но поради пандемијата минатото издание одржано во Катар беше поместено за февруари годинава.
OhridNews










