Актуелниот светски првак Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство во фудбал каде ќе се сретне со Шпанија.


Во полуфиналето што се одигра во Атланта, Англија поведе со голот на Гордон во 55 минута. По водството Англија несфатливо се повлече. Тухел со дефанзивни измени се обиде да ја брани минималната предност, а Скалони со целосна офанзива тргна кон голот на вечерва одличниот Пикфорд.

Опсадата на голот на Англија траеше триесеттина минути во кои на теренот постоеше само еден тим. Енцо Фернандез во 85 минута постигна извонреден гол од далечина, а пресвртот го комплетираше Лаутаро Мартинез во 92 минута по центаршут на Меси.

Аргентина во финалето ќе се сретне со Шпанија во недела во Њујорк. Ден порано во натпревар за 3 место ќе играат Франција и Англија.

Г.М.