Археолозите на Плаошник открија бројни артефакти !
22.05.07 08:42
На локалитетот Плаошник врие како во кошница. Над 300 работници, меѓу кои и 50-на студенти по археологија предводени од директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, интензивно работат на истражувањето на просторот на кој ќе биде возобновен Свети Климентовиот универзитет.
Досегашните истражувања покажуваат вообичаени археолошки наоди, вели Кузман. “ Има многубројни керамички садови, над 600 монети од античкиот период и среден век, од Римски и Македонски период, од архитектурата на северните простори откриваме остатоци на куќите уличките и калдрмите кои постоеле тука до 50-те години од минатиот век кога тука било турско маало, од каде луѓето се иселиле“, објаснува Кузман. Сето тоа се фотографира и документира, а потоа ќе се симнеме подолу за да ги истражиме сите културни слоеви, рече Кузман.
просторот детално се истражува
Меѓу пронајдените бронзени предмети е и сстатуеткаста на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, која потекнува од од 3 и 2 век пред новата ера. Овој значаен артефакт е предадаен на конзервација по што како што ќе биде презентиран на јавноста.
Се’ се одвива онака како што е предвидено со динамиката за реализација на првата фаза од возобновувањето на Свети Климентовиот универзитет, вели Кузман. Сега се вршат систематски археолошки истражувања на сите слободни простори на Плаошник со цел да се аналазира просторот и да се утврди каде ќе се лоцира Свети Климентовиот универзитет.“ Се надеваме дека на овој простор или ќе најдеме остатоци од манастирскиот комплекс во кој што функционирал универзитетот или тој ќе биде лоциран на западниот дел каде што нема археолошки остатоци, рече Кузман. Истртажувањето ќе трае до крајот на август или до средината на септември кога ќе биде распишан конкурс за изработка на главниот проект кој ќе се реализира од 2008 до крајот на 2009 година, најави археологот Пако Кузман.
Свечен новогодишен концерт во Охрид организира НУ „Охридско лето“ со италијанскиот пијано виртуоз Франческо Барбаџелета и шпанскиот тенор Рамирез Дроз Реиналдо Елаис Оваа година ја заокружуваме со ...
Градоначалникот Кирил Пецаков, попладнево беше на увид на новата опрема за чистење што ја набави Општина Охрид и ја предаде на користење на ЈП „Охридски Комуналец“ Станува збор за електрична комун...
Современиот уметник Сашо Блажес е учесник на меѓународната групна изложба „Par-delà les nuages – abstraction“, организирана од реномираниот француски колектив Réalités Nouvelles, која се одржува во...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.