По повод храмовиот празник „Духовден” во црквата Света Троица во населба Црногорци денес ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба со почеток во 18 часот.

По завршување на богослужбата владиката ќе изврши водосвет и ќе ги благослови празничните лебови, а потоа ќе следува и литија околу храмот.
Од храмот упатуваат повик до верниците да земат учество во свештеното торжество и во прославувањето на роденденот на Светата Црква.
OhridNews













