Еден од најдобрите голмани во ракометната историја, Арпад Штербик стави крај на кариерата. 40-годишниот чувар на мрежата ја искористи паузата поради пандемијата на коронавирусот и одлучи се збогува со ракометот, без разлика дали тековната ќе има продолжение или ќе заврши. Тој повеќе не се гледа во ракометот и рече дека ќе се посвети винаријата кој е семеен бизнис.

Нема шанси да бидам тренер. Таа е најтешката професија. Константен стрес и патувања, тоаа не е за мене. Разговор со тренерот на Веспрем Дејвис и можеби ќе бидам во стручниот штаб како асистент. Сакам да уживам во животот. Имам винарија во близа на Балатон и се надевам дека ќе ја продолжам одличната работа на татко ми. – изјави Штербик.

Тој дел од 20-годишната кариера ги помина во дресот на скопски Вардар. „Црвено црните“ со Штербик на голот  во 2017 година ја освоија титулата во Лигата на Шампиони.

Самоувереност и единство. Кога ќе се потсетам на Вардар во таа 2017 година, прво што ми паѓа на памет е самодовербата. Сите верувавме во тоа, знаевме дека можеме. Не постоеше момент кога било кој од тимот се сомневаше дека титулата е недостижна. Тоа беше неверојатно искуство, прекрасно чувство да се биде дел од тој тим. Целата екипа, сите дишевме како еден, сите бевме на иста бранова должина. – истакна голманот.

Штербик за сега е единствен голман кој се закитил со наградата најдобар ракометар на светот. Тој за најдобар беше прогласен во 2005 година. Поранешниот голман на Вардар во кариерата има уште три титули во ЛШ, светско и европско злато со Шпанија и голем број на титули во националните првенства каде се натпреварувал.

OhridNews

Арпад Штербик му кажа збогум на ракометот