Пред почетокот на сезоната лично менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон се ангажираше во трансферот на Робин ван Перси на Олд Трафорд што претставуваше голем удар за навивачите на Арсенал.


Арсен Венгер го возвраќа ударот и во зимскиот преоден рок ќе пазари од Манчестер Јунајтед. Долго време се шпекулира за иднината на Нани во Јунајтед, а игрите сезонава на Португалецот не му ветуваат светла иднина во четата на Фергусон.

Менаџерот на “топчиите“ Венгер го фрлил пикот на Нани и сака да го донесе на Емирати. Оштетата која ќе треба да ја плати Арсенал за Португалецот изнесува 20 милиони фунти.

Трансферот на Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед во досегашната тек од сезоната се покажа како добитен за Фергусон откако Холанѓанецот постигна круцијални голови во неколку натпревари вклучувајќи го и победничкиот гол против градскиот ривал Манчестер Сити.

Мх.П.