Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ се затега околу случајот Рекет се повеќе се затега. Информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот РЕКЕТ кои што излегоа во медиумите вчера, а потврдени од обвинителот за еден новинар и потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите картите како се одвивал целиот Рекет на бизнисмени и политичари во Република Македонија. Ова денеска на прес конференција го изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно е дека Зоран Заев знаел за случајот Рекет и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот Рекет, како да се одвива и ги полнел со информации оние кои што биле негови извршители. Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори веќе подолго време. Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на оваа Влада и Зоран Заев е ништо повеќе од еден обичен аболициран криминалец. Зоран Заев не само што не го пријавил случајот Рекет, туку како што видовме од записникот и го опструирал. – рече Арсовски.

Дали Зоран Заев лажеше дека се сретнал со второосомничениот и дали Зоран Заев ги предупредил извршителите да се повлечат и да ја прекинат комуникација со семејството на оштетениот?
Колку од парите кои што се земени од рекетот во Луј Витон ташна завршиле кај Зоран Заев? – праша Арсовски.
Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ речес дека криминалниот октоподот е многу поголем од што изгледа. Вмешани се политичари, обвинители, судии, адвокати, вработени во телевизијата на Бојан 13, членовите на меѓународниот сојуз и многу други, додаде тој.
Зошто се уште синот на Катица Јанева, Лазар Јанев не е притворен? Зошто се уште не е притворен главниот соучесник на Боки 13 и Катица Јанева кој рекетирал фирми под превез на реклами за телевизијата во која работел? Зошто се уште не е повикан ниту на распит синот на Катица Јанева кој на состаноците со бизнисмените, замислете настапувал со фразата: Знаеш ли чив син сум јас? Епа еве, видовме дека си син на криминалец, а обвинителството да не чека и да го повика уште веднаш да даде исказ. – истакна Арсовски.
OhridNews
 
					



 
							







 
					