Во тек се активности за асфалтирање на крак од улицата „Сирма Војвода“, додека на улицата „Кленоец“ се пополнуваат ударните дупки. Крак од улицата „Карпош Војвода“ е во подготвителна фаза за асфалтирање.

Од локалната самоуправа информираат дека активностите продолжуваат и во наредниот период.

OhridNews