Деновиве на територијата на општина Охрид се одвиваат активности за асфалтирање на повеќе пристапни улици. Од локалната самоуправа информираат дека биле асфалтирани краци од улиците „Кирил и Методиј“, „Охридска Бригада“, „7-ми Ноември“, „Даме Груев“.
На улицата „Ариф Мустафа“ се асфалтирани три краци, асфлатиран е и пристапниот пат на улицата „Ванчо Питошески“, пристапниот пат на улицата „Питу Гули“. Во рамки на СРЦ „Билјанини извори“ се асфалтира пристапен пат кој води до спортските терени на вештачка трева, се асфалтираа и пристапни патеки на улица „Сирма Војвода“.
Во селото Коњско се асфалтираа три улички, во Долно Лакочереј две улички, во Велгошти четири, во Подмоље две, а во Билјанини извори се асфалтира и пристапен пат.
Со овој зафат низ општина Охрид асфалтирани се краци од улици и пристапни патеки со вкупна површина од 8 445 метри квадратни, а вкупниот износ на средства издвоени за оваа намена се 13. 737. 796 денари, информираат од локалната самоуправа.
OhridNews
















