Екипите на АСП ПАК и Кафе Бар Слобода Кичево забележаа убедливи победи на петтиот натпреварувачки ден од 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта.

 

Актуелниот освојувач на трофејот АСП ПАК продолжи со одличните настапи и со убедливи 7:0 ја совлада екипата на Пејачката Софче Македонија во натпревар од групата А, потврдувајќи дека и годинава ќе биде меѓу главните фаворити за највисок пласман.

Во истата група, Кафе Бар Слобода Кичево беше исто така убедлив и со 7:1 славеше над Топлина, со што останува во игра за пласман во следната фаза.

Интересен натпревар се одигра и во групата Б, каде Хотел и Спа Инекс Олгица со 4:2 беше подобар од Кафе Бар Коко и освои важни бодови во групната конкуренција.

Резултати вторник, 23 јуни

Група А

АСП ПАК – Пејачката Софче Македонија 7:0
Топлина – Кафе Бар Слобода Кичево 1:7

Група Б

Хотел и Спа Инекс Олгица – Кафе Бар Коко 4:2

По пет натпреварувачки дена продолжува борбата за местата кои водат во елиминациската фаза на турнирот, кој и годинава привлекува голем број љубители на малиот фудбал во Мешеишта.

OhridNews