АСП ПАК и Златара Бени Ерол се првите полуфиналисти на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“.

АСП ПАК до пласман меѓу четирите најдобри екипи стигна по драматична пенал-серија против Аце Најдески.

По нерешени 0:0 во регуларниот дел од првиот четвртфинален натпревар, АСП ПАК беше посигурен од белата точка и славеше со 4:3.

Во вториот четвртфинален дуел, Златара Бени Ерол со 3:1 го совлада Чардак Велгошти и обезбеди место во полуфиналето.

Преостанатите два четвртфиналисти ќе бидат познати вечерва. Од 21 часот ќе играат Хотел и спа Инекс Олгица и Охридски Бисер Филеви, а од 22 часот Сатеска ќе се сретне со Др. Баткоски.

OhridNews