Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, на кои беа постигнати 17 погодоци.

Бранителот на трофејот АСП ПАК забележа нова убедлива победа, совладувајќи ја Дуелма со 6:2. Македонија со минимални 1:0 беше подобра од Кибо Пласт, Сатеска убедливо ги совлада Типлери со 5:1, додека Аце Најдески славеше со 2:0 против Охридски бисер Филеви.

Резултати – 22 јули:

АСП ПАК – Дуелма 6:2
Кибо Пласт – Македонија 0:1
Сатеска – Типлери 5:1
Аце Најдески – Охридски бисер Филеви 2:0

Турнирот продолжува вечерва со нови четири натпревари:

Распоред – 23 јули (четврток):

20:00 Идеал рент а кар Струга – Оровник
21:00 Бразилиан – Етно ресторан Дедо Димо
22:00 Чардак – Екстра Скопско
23:00 Др. Баткоски – Св. Троица

OhridNews