Продолжија возбудувањата на 51. турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, каде вечерва беа одиграни три натпревари од групната фаза, а љубителите на малиот фудбал повторно уживаа во ефикасни натпревари и интересни пресметки.

Во групата А, АСП ПАК ги освои бодовите со службена победа од 3:0 против Топлина, додека во вториот натпревар од истата група Кафе Бар Слобода Кичево славеше со 4:1 над Пејачката Софче Македонија.

Најубедливата победа вечерва ја забележа Етно ресторан „Дедо Димо“, кој во натпревар од групата Н со 6:1 беше подобар од Киоск кај Бироно.

Резултати (сабота, 27 јуни)

АСП ПАК – Топлина 3:0 (службено) – Група А
Кафе Бар Слобода Кичево – Пејачката Софче Македонија 4:1 – Група А
Киоск кај Бироно – Етно ресторан „Дедо Димо“ 1:6 – Група Н

Турнирот продолжува во недела, 28 јуни, кога на програмата се нови три натпревари. Во 20:30 часот во рамките на групата Б ќе се сретнат Кафе Бар Коко и Попоски Инженеринг, од 21:30 часот ќе играат Хотел и Спа Инекс Олгица и Томе Електрик (група Б), додека вечерната програма ќе ја затворат Сатеска и АД Галеб, кои од 22:30 часот ќе ги одмерат силите во натпревар од групата Г.

OhridNews