Со три натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“.
АСП ПАК ја оправда фаворитската улога и убедливо го совлада Етно ресторан „Дедо Димо“ со 7:2. Студио 13 славеше против Чардак Велгошти со 3:1, додека Златара Бени Ерол беше подобра од АД Галеб со 4:0.
Резултати – 21 јули:
АСП ПАК – Етно ресторан „Дедо Димо“ 7:2
Чардак Велгошти – Студио 13 1:3
АД Галеб – Златара Бени Ерол 0:4
Турнирот продолжува вечерва со четири натпревари. Програмата започнува во 20 часот со средбата меѓу АСП ПАК и Дуелма.
Распоред – 22 јули:
20:00 АСП ПАК – Дуелма
21:00 Кибо Пласт – Македонија
22:00 Сатеска – Типлери
23:00 Аце Најдески – Охридски бисер Филеви
OhridNews














