Ново архитектонско биро во Охрид „Ателиер 21“. Комбинацијата од искуство, професионалност и креативност ќе даде можност секој клиент да добие проект со функционално решение, но и уникатен и современ изглед.

Младата Семра Амети, дипломиран инженер архитект, полна со позитивен дух и елан за работа вели дека на пазарот во Охрид до израз ќе дојдат квалитетот и креативноста на услугите кои ќе ги понуди.

Ќе понудиме на пазарот покреативни работи, како помлада генерација која има познавање и од технологијата, но и искуство во работата. Се надевам дека ќе наидам на позитивен одговор од нашите сограѓани кои имаат потреба од вакви услуги и дека ќе успееме во заедничка комуникација да го најдеме за нив соодветното решение.

Во архитектонското биро „Ателиер 21“ се нудат услуги за проектирање и внатрешно и надворешно дизајнирање.

Отворена сум за соработка со сите лица кои се вклучени во оваа дејност за размена на идеи, поддршка, а секако и совети. Цената на услугите ќе биде определена во однос на тоа каква услуга ќе им биде потребна на нашите клиенти, додава Амети.

Архитектонскотo биро е лоцирано на ул. „Димитар Влахов“ бр.20, а работното време е од 8 до 17 часот од понеделник до петок.

„Ателиер 21“ – ново архитектонско биро во Охрид

Н.С.Ј.

фото. А. Момироска